Македонската економија со пад од пет места на Глобалниот иновациски индекс

Македонија е рангирана на 63-то место меѓу 139-те економии вклучени во најновиот извештај на Глобалниот иновациски индекс (GII) за 2025

од Nikola Popovski
23 прегледи

Македонија е рангирана на 63-то место меѓу 139-те економии вклучени во најновиот извештај на Глобалниот иновациски индекс (GII) за 2025 година. Oва значи пад од пет места во споредба со минатогодишниот извештај.

Табелата на „GII“ ги прикажува рангирањата на Македонија во текот на изминатите шест години. Достапноста на податоци и промените во рамката на моделот на „GII“ влијаат врз споредбите на рангирањата на GII од година во година. Статистичкиот интервал за рангирањето на Македонија во „GII 2025“ е помеѓу 60-то и 70-то место.

 

Фото: Глобален иновациски индекс (GII)

Ако се земат во предвид само земјите од Западен Балкан, Македонија е на трето место. Пред нас се Хрватска, која е на 40-то место во вкупното рангирање и Србија која е на 54-то место. Позади нас се Црна Гора која е 64-та во светски рамки и БиХ која е 92-ра.

Глобалниот иновациски индекс ги рангира светските економии според нивните иновативни капацитети. Составен од приближно 80 индикатори, групирани во влезни и излезни податоци за иновации, „GII“ има за цел да ги опфати повеќедимензионалните аспекти на иновациите.