Македонската CS:GO репрезентација ја почнува мисијата за одбрана на европскиот трон. Мисијата почнува 04-ти јуни годинава и патот до оваа титула воопшто не е лесен.
Европското првенство, кое воедно претставува и регионална квалификација за Светското првенство, ќе се одвива во два дела. Првиот дел е онлајн фазата, каде што тимовите ќе се натпреваруваат во групи и вториот дел е плејоф фазата која ќе се одвива офлајн во Орадеја, Романија.
Нашата репрезентација ќе се бори за пласман во плејоф-от со репрезентациите на Холандија, Унгарија и Чешка.
Сите натпревари од групната фаза се играат во сабота на 04-ти јуни 2022. Првиот натпревар се игра против Холандија во 13:00 часот. Вториот натпревар се игра против репрезентацијата на Чешка во 15:00 часот, додека третиот натпревар се игра во 17:00 часот против екипата од Унгарија.
Натпреварите ќе бидат пренесувани на официјалниот канал на федерацијата на Твич платформата, https://twitch.tv/mesf_tv.
Нашата репрезентација ја сочинуваат:
· Јане “aidKiT” Апостолоски
· Дамјан “kyxsan” Стоилковски
· Александар “CacaNito” Ќулукоски
· Даниел “dan1” Глигоров
· Павле “stYleEeZ” Стојановски