Македонската фудбалска репрезентација против Грузија, Естонија и Ерменија во Лигата на нации

од Aleksandar Petrovski
271 прегледи

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Грузија, Естонија и Ерменија во Ц дивизија во новото издание на Лигата на нации. Вака сакаше жрепката за најновото репрезентативно натпреварување на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) што се одржа во Амстердам.

Нашата земја на 26 март во плејофот за пласман на Европското првенство ќе игра против Косово, а доколку победи, во финалето пет дена подоцна ќе гостува кај подобриот од мечот меѓу Белорусија и Грузија во решавачки 90 минути за место на завршниот турнир ова лето.

Лига на нации – Ц дивизија

Група 1: Црна Гора, Кипар, Луксембург, Азербејџан

Група 2: Грузија, Северна Македонија, Естонија, Ерменија

Група 3: Грција, Косово, Словенија, Молдавија

Група 4: Албанија, Белорусија, Литванија, Казахстан

Слични содржини