Македонската и бугарската делегација заедно се поклонија во Рим пред плочата на Св. Кирил

од Nikola Popovski
293 прегледи

Парламентарните делегации на Македонија и Бугарија заедно се поклонија и положија цвеќе пред спомен-плочата на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”.во Рим. Во оваа црква во 868 година, словенските книги што ги донеле светите браќа Кирил и Методиј, биле осветени од папата Адријан II.

Во исто време, секоја делегација положи венец на својата плоча во базиликата, на која пишува што се случило во 9 век.

Потоа Џафери и претседателот на бугарското Народно собрание, Росен Желјазков дадоа заедничка изјава за медиумите на двете земји.

-Иницијативата беше обострана, многу ми е драго што на овој убав празник можевме заеднички да им подариме венци на нашите први учители Кирил и Методиј и на овој начин да покажеме како нè поврзува заедничкото минато, но како ќе нè поврзе една заедничка иднина, изјавил Желјазков.

-Многу ми е драго што мојот колега претседател Џафери многу пријателски, многу срдечно го направи овој знак, кој го направивме и ние, додал тој.

Во рамките на празнувањето на светите браќа Кирил и Методиј, со аудиенција кај Папата ги поминавме сите процедури според протоколот што требаше да ги поминеме, рече Џафери.

-Со задоволство направивме обид и успеавме во овој обид двајцата претседатели на парламенти и претставници на народите од нашите земји да застанат заедно, посочил тој.

Македонската делегација, предводена од Џафери, претходно денеска беше примена од папата Франциско на традиционалната аудиенција по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Слични содржини