Македонската кошарка остана без легендата Јанко Луковски

од Nikola Popovski
160 прегледи

На 78-годишна возраст во Нови Сад почина Јанко Луковски, легендарниот македонски кошаркар и познат тренер на просторите на поранешна Југославија.

Луковски потекнува од кошаркарската школа на Работнички, каде прво со голем успех играше со својот брат Митко, а потоа стана одличен тренер во својот матичен клуб.

Од 1982 до 1986 година ја водеше, понекогаш самостојно, а повремено и како помошник на Русмир Халиловиќ, јуниорската, кадетската и младинската репрезентација на Југославија, во која тренираше асови како Дражен Петровиќ, Јурет Здовац, Жарко Паспаљ, Миодраг Пецарски, Данко Цвјетичанин, Велимир Перасовиќ, Зоран Сретеновиќ.

Неговата последна функција во македонската кошарка беше советник за помлади категории во Кошаркарската федерација на Македонија и во младинската школа на МЗТ Скопје.

Во 2003 година ја основа школата за кошарка „Спорт Ки“ во Нови Сад во која работеше заедно со синовите Драган и Нино Луковски

Слични содржини