Македонската партија во Албанија станува дел од Коалицијата за парламентарни избори на Сали Бериша

од Nikola Popovski
43 прегледи

На парламентарните избори во Албанија, единствената македонска партија во земјата, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ќе настапи како дел од изборната коалиција предводена од опозициската Демократска партија (ДП) на поранешниот албански премиер и поранешен претседател Сали Бериша.

Според соопштението на Демократската партија, изборната коалиција ја сочинуваат 26 политички партии, меѓу кои Партијата на слободата на Илир Мета, Републиканската партија на Фатмир Медиу, Партијата за заштита на човековите права на грчкото малцинство, предводена од Вангел Дуле и Партијата за правда, интеграција и единство на Шпетим Идризи.

При потпишувањето на коалицијата било договорено на изборите да излезат под слоганот „Алијанса за величествена Албанија“. Дополнително, ќе биде објавено каде и колку кандидати ќе имаат места на кандидатските листи со загарантирани мандати и отворени листи, во 12 изборни единици.

Во Албанија на 11 мај ќе се одржат 11-ти парламентарни избори на кои за прв пат ќе гласа и албанската дијаспора.

На последните парламентарни избори МАЕИ беше во коалиција со актуелната владејачка Социјалистика партија на Еди Рама.

Слични содржини