Македонската ракометна репрезентација отпатува за Египет, домаќинот славеше на отворањето против Чиле

На стартот на СП во Египет, домаќинот отвори фантастично и запиша прва победа против селекцијата на Чиле со резултат 35:29.

Нашата селекција, како што е познато ќе го одигра својот прв меч утре во 20:30 против селекцијата на Шведска.

Инаку, попладнево македонската ракометна репрезентација отпатува за Египет.

Огромен мотив има меѓу младите македонски репрезентативци да се оправда довербата на Брестовац, и пред светот да се покаже дека Македонија заслужува да биде на Мундијалот.

Иако, како што и на зиминување порачаа македонските ракометари, дека сето тоа беше обезбедено буквално во последен момент.

Слични содржини