Македонската женска А репрезентација загуби од Словенија во натпревар од 2. коло во групата Ц од квалификациите за пласман на ЕП. На тренинг центарот “Петар Милошевски”, Словенија славеше со 5:0.
Словенечките фудбалерки ја оправдаа улогата на фаворитки на овој меч откако веќе по првото полувреме обезбедија предност од 2:0.
Каја Корошец во 23. минута и Матеја Звер во 29. минута ги дадоа головите за гостинките. Во првиот дел, нашата селекција имаше две прилики преку Гентјана Рочи и Павлина Николовска. Голманката Панчурова имаше неколку добри интервенции по првите 45. минути.
Во второто полувреме, Лара Прашникар во 56. минута го постигна голот за 0:3, а последните два погодоци за Словенките ги постигнаа Кајзба и Колбл во 84. и 88. минута.
На воведниот натпревар во групата, македонската репрезентација славеше гостинска победа против Летонија со 4:3.
Македонија: 1. В. Панчурова, 16. В. Недева, 20. И. Лимани, П. Николовска, 15. Е. Паневска (53’ Петровска), 14. М. Нацева (70’ Шопов), 8. А. Марковска, 10. Н. Андонова, 4. Р. Велкова (46’ Мустафа), 9. И. Максути, 7. Г. Рочи; Селектор: Александар Андов;