Македонски државјани вечерва пристигнаа во Скопје откако беа евакуирани од Кабул, Авганистан.
Меѓу нашинците кои вечерва пристигнаа во Скопје се лица кои работеле во Авганистан во воена база во близина на аеродромот во Кабул.
„Ние бевме во воената база, бевме под контрола на Армијата и тие нè повлекоа од Кабул во Катар, па преку Истанбул во Скопје. Безбедно бевме евакуирани и во ниту еден момент не бевме во ризик“, вели Реџепи Мехмет, нашинец кој работел во Авганистан.