Двајца македонски државјани се приведени на Меѓународниот аеродром во Тирана откако кај нив се пронајдени непријавени евра и денари, соопшти денес тамошната полиција.
Кај македонските државјани кои требало да патуваат за Норвешка се откриени и запленети 22.805 евра и 2.600 денари.
Според соопштението на албанската полиција, кај лицето А.Ј. (33) се пронајдени 11.800 евра и 2.600 денари, додека кај Б.И. (43) се пронајдени 11.005 евра, кои не ги пријавил.
Се додава дека процедуралните материјали се доставени до Обвинителството во Тирана за понатамошна обработка.