Македонски државјани уапсени во Црна Гора поради кражба на паричник

од Nikola Popovski
451 прегледи

Во полицијата во Никшиќ едно лице пријавило дека три непознати лица од трговски објект во Богетиќи украле паричник со пари и со возило се оддалечиле од местото на настанот.

Во соопштението се наведува дека полицијата во Никшиќ вчера во местото Папрати запрела „ауди“ со тројца државјани на Северна Македонија чии иницијали се А.А. (26), А.О. (41) и Ж.Д. (47), кои биле донесени во службените простории на полицијата.

Полицијата преку кривична истрага дошла до сомнение дека А.А. го украл паричникот, додека А.О. и Ж.Д. ги примиле и задржале дел од парите.

А.А. е осомничен за кривично дело кражба, додека А.О. и Ж.Д. се товарат за кривично дело прикривање и сите три лица се приведени, се наведува во соопштението на црногорската полиција.

Полицијата набедува дека најголем дел од украдените пари се пронајдени и вратени, а возилото со кое е извршено кривичното дело е одземено.

Слични содржини