Македонски државјанин добил ќотек во Австрија поради ѓубре

Три лица биле повредени во инцидентот, а полицијата уапсила 48-годишен маж кој имал ниво на алкохол во крвта од 3,28 промили

од Nikola Popovski
66 прегледи

Македонец бил претепан во Австрија поради ѓубре. Имено, расправијата меѓу соседи во виенскиот кварт Флоридсдорф ескалирашла во брутална физичка пресметка во саботата, а баналната причина била корпа за ѓубре.

Три лица биле повредени во инцидентот, а полицијата уапсила 48-годишен маж кој имал ниво на алкохол во крвта од 3,28 промили, јавуваат тамошните медиуми.

Според полицискиот извештај, сè започнало околу 15 часот, кога 44-годишен маж од македонско потекло се обидувал да го изнесе ѓубрето. Во тој момент, без очигледна причина, неговиот видливо пијан 48-годишен сосед, Австриец, го нападнал. Тој го соборил Македонецот на земја, го удрил со тупаница и почнал да го дави.

По пристигнувањето на полицијата, ситуацијата се смирила. Повредениот македонски државјанин бил пренесен во болница, додека насилниот 48-годишник, кој продолжил да ги навредува и се заканувал кон полицајците, бил уапсен и исто така пренесен во болница со повреди на подлактицата. Против него е издадена забрана за приближување.

19-годишниот син на приведениот, исто така, ќе сноси правни последици. Му биле одземени палка и боксерач, а против него е поднесена и пријава за напад.