231
Полициски службеници од Федералната полициска управа на БиХ, во соработка со полицискиот сектор на Унско-санскиот кантон, уапсиле македонски државјанин во градот Бихаќ, осомничен за убиство.
Според тамошните медиуми, станува збор за Дејан Ториќ по кого била распишана црвена потерница од Интерпол.
Како што пренесува „Аваз“, Ториќ бил пронајден во еден стан, кој бил наменет да служи како скривалиште. Тој поседувал и фалсификувани македонски документи.
Уапсениот е предаден во надлежност на Судот на Босна и Херцеговина. Ториќ бил предмет на ФУП во операција на ЕВРОПОЛ.