Бугарската полиција во градот Ќустендил привела маж баран за убиство во Македонија, изјавила за „БТА“ портпаролката на Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи – Ќустендил, Катја Табачка.
За време на увидот, службениците од тамошната сообраќајна полиција утврдиле дека 53-годишниот маж се бара со меѓународна потерница преку Интерпол.
-Тој има бугарско и македонско државјанство и е осуден во Македонија за убиство, прецизирала Табачка. Во тек е судска постапка во врска со барањето за негова екстрадиција.
Табачка додала дека форензичките експерти од Ќустендил идентификувале и 51-годишен маж, обвинет во општ кривичен предмет во Окружниот суд во Ќустендил, за кого е предвиден притвор.