Македонски државјанин е повреден во сообраќајна незгода во Бугарија, известиле од Регионалната дирекција на бугарското МВР во Перник.
Според бугарските медиуми, несреќата се случила денеска во утринските часови на патниот правец I-6 во месноста Перник, откако дошло до судар на два автомобили.
-Еден од нив го управувал 46-годишен државјанин на Република Северна Македонија, додека со другиот управувал 18-годишно момче од Пернил. Од судирот македонскиот граѓанин се здобил со повреди, по што бил примен во болница во Софија со два скршени вратни пршлени, без опасност по животот, велат од бугарската полиција.
Допрва ќе се утврдат причините за тоа што се случило. Бугарското Јавно обвинителство е известено и истрагата продолжува.
Очевидци за бугарските медиуми изјавиле дека поради сообраќајката во областа настанал метеж. На местото на настанот пристигнале противпожарни и полициски екипи.