Македонски државјанин предводел група на поддржувачи на Исламска држава во Австрија

од Nikola Popovski
87 прегледи

Во австрискиот град Сент Пелтен, тамошните власти разбиле мрежа на осомничени поддржувачи на терористичката „Исламска држава“ (ИД). Предводник на групата бил 20-годишен државјанин на Македонија кој во моментов издржува петгодишна затворска казна.

Како што објавуваат австриските медиуми, младиот македонски државјанин веќе го привлекол вниманието на австриските власти кога во 2023 година исцртал неколку графити на ИД во близина на главната железничка станица во Сент Полтен.

-Како резултат на тоа, човекот стана познат како поттикнувач за поддршка на Исламската држава, изјавил Роланд Шерер, шеф на Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот во Австрија.

Според објавеното, приведен е и 15-годишен Австриец со мигрантско потекло, регрутиран од македонскиот државјанин. Тој во меѓувреме и самиот станал регрутер за ИД.

Според австриските медиуми, Австриецот се заколнал на лојалност кон терористичката организација преку видео. Во вторникот минатата недела, младиот човек бил осуден на една година условна казна во Регионалниот суд во Сент Пелтен поради членство во терористичка организација.

Слични содржини