Македонски државјанин прегазил жена во Хрватска

од Nikola Popovski
36 прегледи

Жена во Хрватска поминувала улица надвор од пешачкиот премин во Пула, кога на неа налетал автомобил со македонски регистарски таблички, јавуваат хрватските медиуми.

Тамошната полиција ги соопшти деталите за сообраќајната несреќа која се случила во вторникот околу 12:40 часот, во која тешко е повредена 74-годишна жена.

Со возилото управувал 64-годишен македонски државјанин.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот. Против возачот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело Предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај, додека против пешакот ќе биде поведена прекршочна постапка согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, објасниле од Хрватската полиција.

Слични содржини