Македонски државјанин пронајден мртов во Љубљана

Словенечките медиуми објавија дека 38-годишен маж од Македонија починал во центарот на Љубљана и дека причината за смртта сè уште не е разјаснета

од Nikola Popovski
54 прегледи Фото: Фејсбук профил на Slovenska policija / The Slovenian police

МНР потврди дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани.

Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција.

-Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката, стои во соопштението на надлежните испратено до медиумите.

Словенечките медиуми објавија дека 38-годишен маж од Македонија починал во центарот на Љубљана и дека причината за смртта сè уште не е разјаснета.

Словенечкиот портал „24.ur.com“ објави дека неговото тело е пронајдено во четвртокот во раните утрински часови, а според неофицијални информации, тој бил претепан до смрт, што полицијата не го потврдила.