Косовската полиција уапсила неименуван државјанин на Македонија на преминот Вермица, под сомнение дека сторил кривично дело поткуп.
Според полициското соопштение, за време на проверка на документи во понеделник вечерта, осомничениот се обидел да поткупи полицаец со тоа што во неговите документи вметнал пари во вредност од пет евра.
Според одлуката на надлежниот обвинител, по сослушувањето, осомничениот е приведен, а случајот ќе се реши во редовна законска постапка, пишува косовски „Репортери“.
„Граничен премин Вермица 02/09/2026, 20:55 часот. Осомничениот маж, државјанин на Северна Македонија, е уапсен откако при проверката на документите вметнал 5 евра во кеш. Според одлуката на обвинителот, по сослушувањето, осомничениот е приведен“, се вели во полициското соопштение.