Полициската управа на Црна Гора соопшти дека е спречен обид за шверцување на околу 40.000 евра, при што е уапсен државјанин на Македонија, Ф.П. (34). Како што наведуваат, вчера на граничниот премин „Божај“, при напуштање на Црна Гора, бил извршена проверка кај Ф.П., кој управувал со возило марка „VW Golf VII“.
Тамошната полиција соопшти дека царинските службеници пронашле 39.950 евра во различни апоени во делови од седиштето.
„Во соработка со полициските службеници од Секторот за финансиско разузнавање, спроведени се понатамошни мерки и дејствија во врска со Ф.П., како и финансиска и техничка обработка на пронајдените пари“, додаваат од Полициската управа.
Државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица е известен за настанот, со наредба за која, по собраните информации и преземените мерки и дејствија, Ф.П. е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело „перење пари“.