Македонски државјанин украл 40.000 евра од угостителски објект во Црна Гора

од Nikola Popovski
232 прегледи

Државјанинот на Северна Македонија, А.И. денеска бил уапсен во Црна Гора, под сомнение дека украл над 40.000 евра од угостителски објект во Бар, а потоа го опожарил.

Како што информираат од Црногорската полициска управа, А.И. на 31 јануари околу два часа по полноќ влегол на терасата од оштетениот угостителски објект и со употреба на сила го скршил прозорецот на објектот.

Откако пронашол метален сеф, со алат го отворил и украл пари во висина меѓу 40.000 до 50.000 евра, пренесува „РТЦГ“.

Македонскиот државјанин потоа предизвикал пожар во една просторија од објектот. Притоа тој избегал со сефот и парите, велат од Црногорската полиција.

А.И. е идентификуван како сторител и бил лоциран и приведен поради сомнение дека ги сторил горенаведените кривични дела.

Слични содржини