Македонски државјанин украл речиси 350 илјади денари од обложувалници и пошта во Србија

Српската полиција го сомничи за извршени пет кривични дела „разбојништво“

од Nikola Popovski
37 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/МУП Србија

Полицијата во српскиот град Краљево го уапсила В. Г. (43) од Македонија, за кого постои сомнение дека во претходниот период со фантомка на главата, влегол во објекти на обложувалници и пошта на територијата на тој град и, со закана со пиштол, од вработените одзел повеќе од 700.000 динари (околу 350 илјади денари).

Според Полициската управа во Краљево, тој е уапсен бидејќи постоеле основи на сомнение дека сторил пет кривични дела „разбојништво“.

При претресот на станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите во различни апоени, фантомка и реплика на пиштолот, за кој се сомнева дека е користен при извршувањето на кривичното дело.

Осомничениот е приведен до 48 часа и ќе биде приведен пред Основното јавно обвинителство во Краљево со кривична пријава.