246
Државјанин на Северна Македонија Д.П. (46) со привремен престој во Бар, Црна Гора е осомничен дека украл камион од фирмата во која бил вработен и дека побегнал во правец на Албанија.
Од Црногорската полициска управа соопштиле дека барската полиција против Д.П. поднеле кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
„Постои сомневање дека Д.П., дошол во просториите на фирмата каде што бил вработен и користејќи невнимание на другите вработени, ја отклучил вратата од кујната од која ги украл клучевите од камионот на оштетената фирма, по што го ставил возилото во движење и се оддалечило во правец на Република Албанија“, се наведува во соопштението на тамошната полиција, објавија црногорските медиуми.