Македонски државјанин возел под дејство на дрога низ Србија

од Nikola Popovski
428 прегледи

Припадници на српската сообраќајна полиција на граничниот премин Прохор Пчињински исклучиле од сообраќај 33-годишен возач на „Тојота“ од Северна Македонија, соопштија од полициската управа во Врање.

Утврдено е дека возачот бил под дејство на психотропни супстанци.

Нему му е одредена мерка притвор до 12 часот и е изведен пред судија за прекршоци во Бујановац.