Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во близина на Килкис

од Илинка Илиоска
152 прегледи

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, загина 55-годишен државјанин на Северна Македонија, пренесуваат грчките медиуми. Според информациите, автомобилот што го управувал починатиот директно се судрил со возило управувано од 44-годишна жена.

На местото на несреќата пристигнале пожарникари кои го извлекле возачот, кој потоа бил пренесен во болница во Солун, каде што била констатирана неговата смрт. Во второто возило, покрај 44-годишната жена, се наоѓале 38-годишен маж и две тригодишни девојчиња, сите пренесени во болница.

Причините за несреќата се уште не се познати, а започната е прелиминарна истрага. Грчката противпожарна служба соопшти дека осум пожарникари со четири возила интервенирале за извлекување на маж во безживотна состојба и повредена жена од двете возила.

Слични содржини