Македонски фолклор во најдолгото оро за Гинис

од Берта Китинска
442 прегледи

Членовите на Културно уметничкото друштво ,,Илинден” од Битола, како учесници на Фолклоријадата во УфA, Русија, беа дел од најдолгото оро заиграно досега низ светот.

2700 учесници од 37 земји од светот и припадници на 71 различна националност беа дел од ова оро. Со овие бројки на учесници беа срушени два гинисови рекорди. Едниот рекорд е по број на националности кои играа на орото, а другиот по број на држави. Оваа бројка од 37 земји кои активно учествуваа, се искачи на 57 зашто се приклучија и туристи од други држави кои го следеа фестивалот.

КУД ,,Илинден” имаше и настап во официјалната програма на главната фестивалска сцена на оваа светска Фолклоријада, шеста по ред која годинава се одржува во Русија. Големиот фолклорен фестивал се одржува од 4 до 11 јули во Република Башкоростан. Единствен претставник од Македонија е фолклорниот ансамбл од Битола кој постои скоро седум децении и го афирмира македонскиот фолклор и традиција на бројни фолклорни фестивали ширум светот.

Слични содржини