Македонски фудбалски клуб влегува во светот на криптовалутите

од Nikola Popovski
344 прегледи

Фудбалскиот клуб Работнички од Скопје е првиот професионален клуб во Македонија кој влезе во светот на криптовалутите.

Како што беше најавено, Работнички ќе влезе во светот на НФТ, кој ќе ги спои фудбалот и дигиталната уметност. Претседателот на клубот Драган Поповски и основачот на НФТ K-клубот Владимир Крстиќ подготвуваат револуционерни промени.

Работнички ќе биде еден од пионерите во комбинација на фудбалот и НФТ („Non-fungible token“ – или незаменливи токени).

НФТ е пазар со висок потенцијал кој главно се користи за продажба на уникатни производи со дигитална уметност, но сега тие го користат овој фудбалски клуб како мост помеѓу дигиталниот свет и реалните фудбалски операции.

Тоа се НФТ токени или едноставно незаменливи токени, кои на некој начин всушност ја претставуваат дефиницијата за дигитални средства.

НФТ е тип на криптовалута која овозможува разни уметнички дела да се „токенизираат“ и продаваат преку механизми за дигитална трговија на различни медиуми и сајтови.

За НФТ токени може да се сметаат дигитални уметнички дела, како што се графики, слики, фотографии, музика, делови во видео игри, а чија вредност е изразена во криптовалутите етереум или биткоин, чија вредност подоцна се преведува во долари.

Со ова Работнички прави голем важен чекор во дигиталната ера, следејќи ги големите европски клубови Интер, Челзи, Реал Мадрид, кои веќе се насочени кон вакви проекти.

Слични содржини