Македонски камион се преврте во Бугарија, возачот е пренесен во болница

од Берта Китинска
246 прегледи

Камион управуван од државјанин на Северна Македонија вечерва се превртел на автопатот „Тракија“ во правец кон Софија.

На местото на настанот според информациите на БНТ се испратени тимови на сообраќајната полиција, противпожарната бригада и екипи на брза помош.

Камионот превезувал ѓубриво, кое било расфрлено на коловозот. Преземени се мерки за негово подигање.

Македонскиот возач е пренесен во болницата во Пазарџик. Засега нема други информации за здравствената состојба на возачот.

Камионот превезувал ѓубриво, кое било расфрлено на коловозот и преземени се мерки за негово расчистување.

Сообраќајот не е во прекин, го регулира сообраќајната полиција. Увидот е во тек.

Слични содржини