Партијата Македонски Концепт го обвини министерот за надворешни работи, Бујар Османи за „симптоматично и проџихадистичко однесување“. Како што велат од партијата, Османи одбил да ги именува нападите на ХАМАС врз Израел како терористички од терористичка организација, па оттаму бараат од него како претседавач на ОБСЕ да иницира признавање на Ерусалим за главен град на Израел.
-Првиот чекор да го направи како МНР на Македонија и да го следи примерот на САД, на кои толку многу се повикува и претставува во нивно име. Тој билатерален акт оди во интерес на македонската Кауза, има историски и актуелни оправдувања, за што ќе ја има поддршката и од нашата партија.
Во очекување на првиот чекор на „прозападниот и проамерички” министер Османи во таа насока, силно го охрабруваме и му даваме соодветна препорака, велат од партијата преку соопштение.
Османи во неделата упати остра осуда за нападите на милитантната исламистичка група Хамас во Израел.
-Силно ги осудувам насилните напади на групата Хамас врз Израел. Се проширува нашата целосна солидарност со Израел; овие акти на терор мора веднаш да престанат, објави министерот на социјалната мрежа X.