Македонски Концепт е против донесување на Закон за правична застрапеност

од Nikola Popovski
224 прегледи

Партијата Македонски концепт е против донесување на Закон за правична застапеност. Оттаму посочуваат дека се за еднакви права на граѓаните, без разлика на која етничка заедница припаѓаат.

-Нема поента, еден инструмент на апархејдот да менуваме со друг! Новиот закон повторно ќе создаде нееднаквост. Системот на апартхејд е одамна надминат секаде во светот. Време е да заврши и во Македонија! Граѓанска држава и мерит систем, се патокази кои водат кон ЕУ, а не практики од 19ти век, велат од партијата на Петар Богојески.

Според МК, правичната застапеност не е решение, туку нова форма на нееднаквост.

-Меритократијата е патот кон вистинска праведност. Квотите создаваат само илузии. Граѓанска држава се гради на индивидуалните успеси, а не на колективитети. Кога способностите се заменуваат со квоти, правдата се изопачува.

Ние сме за еднаквост во можностите, а не во резултатите. Затоа мерит системот е нашиот водич. Системот на вредности треба да се базира на труд и посветеност, а не на етнички предзнаци. Ние сме сите граѓани на Републиката и нека успехот биде наш единствен критериум. Пропадната пракса на 19-тиот век не гради иднина за 22ри век. Да застанеме сите заедно против сите видови на дискриминација, и позитивна и негативна! Само рамноправност на граѓаните! Тоа се вредностите на граѓанскиот Устав, кој е решение за сите овие прашања, стои во партиското соопштение.

Слични содржини