Македонски Концепт: МНР и институциите итно да го прекинат молкот на бугарските шизофрени настапи

од Vladimir Zorba

Политичката партија Македонски Концепт, јавно реагира и искажува незадоволство поради заканите на бугарските шовинисти, кои се’ се почести и упатени кон македонски граѓани, новинари, интелектуалци или политичари. Заканите се упатуваат најчесто преку социјалните мрежи, но не ретко и преку бугарските медиуми.

„Последната закана кон и преку директорот на националната телевизија Канал 5 Иван Мирчевски, упатена кон сите граѓани и кон Република Македонија со воена интервенција на бугарски авиони кон земјава, е само потврда дека македонското МНР и останатите институции треба итно да го прекинат молкот и поданичкиот однос кон бугарските шизофрени настапи и да реагираат на соодветно ниво.

Доколку не реагираат македонските институции, тогаш мораме да реагираме сите македонски граѓани и да се самоорганизираме во одбрана на македонската чест и достоинство.

МНР и МВР мора да ги пронајдат тие лица, кои не ретко се македонски државјани, дел работат и во македонската Влада и државни институции, и да ги санкционираат на соодветен начин.

Тие одговори не ги бараат само Македонски Концепт, туку сите македонски граѓани во земјава.

Македонски Концепт има нулта толеранција кон сите видови на шовинизам, а тоа дополнително ќе го покажеме откако македонските граѓани ќе ни дадат можност да управуваме со државните институции за прогон на сите видови криминал, вклучително и тој базиран на етничка или политичка основа“, се додава во реакцијата.

Слични содржини