Македонски концепт: Не прифаќаме отцепување на територии преку воена агресија – ниту на Крим ниту на Косово

од Nikola Popovski
68 прегледи

Денес се навршуваат три години од почетокот на војната во Украина – трагичен конфликт кој не требаше никогаш да започне и кој донесе огромно страдање, илјадници загубени животи и милиони раселени луѓе. Македонски Концепт изразува најдлабока жалост за сите жртви и нивните семејства и упатуваме силен апел за итен прекин на сите воени дејствија. Најдлабоко се поклонуваме пред херојството на братскиот украински народ за неговата посветена и беспоштедна борба за слобода и одбрана на својата татковина, порачаа од партијата на Петар Богојески преку соопштение за 3-годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина.

Партијата верува дека мирот е единствениот пат напред и дека одлуките мора да се вратат во рамките на Обединетите нации и меѓународно воспоставениот правен поредок.

-Само преку дипломатски дијалог, заснован на принципите на меѓународното право, може да се најде праведно и трајно решение. Македонски Концепт цврсто стои зад принципот на територијален интегритет и суверенитет на државите. Ние не прифаќаме отцепување на територии преку воена агресија – ниту на Крим, ниту на Косово, ниту сега со обидот да се одземе уште 30% од украинската територија. Веруваме во највисоките стандарди на човековите права и слободи, во правото на народите да живеат во мир, без страв од војна и насилна промена на границите врз етничка основа, посочија од Македонски концепт.

Слични содржини