Македонски концепт: Сите бугарски политичари да се соочат со историската реалност и да прифатат дека македонскиот етнос е значаен дел од бугарската нација

од Nikola Popovski
70 прегледи

Македонски концепт најостро ја осудува неодговорната и провокативна изјава на лидерот на бугарската крајнодесничарска партија „Преродба”, Костадин Костадинов, во која се повикува на „логичноста” за присоединување на Македонија кон Бугарија. Според партијата, ваквите изјави се целосно спротивни на принципите на современата европска соработка, меѓусоседските односи и почитувањето на националниот идентитет.

-Го повикуваме Костадинов, како и сите политичари во Бугарија, да се соочат со историската реалност и да прифатат дека македонскиот етнос е значаен дел од бугарската нација. Оваа вистина треба да се препознае како основа за зајакнување на мостовите на соработка, заемно почитување и заеднички напредок помеѓу Македонците и Бугарите.

Наместо продлабочување на поделбите, време е за создавање на заедничка визија за иднината, базирана на почитување на националните идентитети и културното наследство на двата народа.

Македонски концепт останува посветен на промовирањето на овие вредности и на градењето на европска иднина за целиот регион, стои во соопштението од партијата на Петар Богојески.

Слични содржини