Македонски концепт со предлог за нов граѓански Устав: Да се внесе терминот „македонски граѓани“ во химната

од Nikola Popovski
777 прегледи

Политичката партија Македонски Концепт, како промотор на идејата за донесување на македонско, а не бугарско или хрватско решение за ЕУ, објавува НОВ ГРАЃАНСКИ УСТАВ – нацрт преамбула и дел од нормативни решенија:

-Ние, македонските граѓани како луѓе обдарени со природни и неотуѓиви права, по самото свое раѓање, тргнувајќи од заедничките вредности и наследство, се договоривме да ја конституираме нашата татковина Република северна Македонија како самостојна, суверена, независна, демократска и граѓанска држава – Република, дом на сите нејзини граѓани, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на новите генерации, свесни и благодарни на нашите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање на заедничка држава на сите нејзини граѓани, без разлика на етничката, религиозната, половата или било каква друга припадност и стремежот за зачувување на историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и неговата вековна борба за национална и социјална слобода и државност, преточена низ државно – правните традиции и акти на Македонското востание, Македонската Револуционерна Организација, Илинденското востание и Крушевската Република, АСНОМ, уставно-правниот континуитет на македонската држава како суверена Република согласно Уставите од 1946 година до Декларацијата за самостојност, сувереност и независност на Република Македонија од 25 јануари 1991 година и слободно изразената волја на граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година и Уставот од 17 ноември 1991 година, вклучително и Охридскиот рамковен договор од 13 август 2001, а пред се одговорни за зачувување и развој на соживот помеѓу сите етнички заедници, еднакви во своите индивидуални граѓански и човекови права и обврски кон заедничкото добро, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се обезбеди мир, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав, велат од партијата.

Додаваат дека во нормативен дел ќе стои:

-Сите јазици на сите македонски граѓани се во службена употреба на целата територија на Републиката, со користење на македонскиот јазик како задолжителен во државните институции и „лингва франка“ (заеднички јазик за сите) и јазик за меѓунарoдна употреба и официјално претставување на државата во мултилатерална и билатерална комуникација.

-Сите етнички знамиња на сите етнички заедници, вклучително и македонската, се во службена употреба во задолжително присуство на националното – државно знаме, на целата територија на Републиката.

-Официјални симболи на државата се: Знаме, Грб и Химна. (знамето останува исто, официјален грб станува земскиот грб на Македонија, Химната „Денес над Македонија се раѓа“ се менува во текстот и се внесува термин „македонски граѓани“).

Слични содржини