Македонски концепт тврди дека Османи криел документи: „25 членки на ЕУ ги прифаќаат пасошите со Р. Македонија до септември 2024“

од Nikola Popovski
182 прегледи

Политичката партија Македонски Концепт не е изненадена од информацијата која доаѓа од Италијанското МВР, која открива скандалозни документи кои ги прикривал Бујар Османи од македонската јавност кои јасно ја посочуваат одлуката на 25 членки на Европскта Унија да се дозволи слободно движење на Граѓаните на Република Македонија со валидни пасоши со името Република Македонија до крајот на септември 2024 година.

Според партијата, Османи мора да одговара за штетата нанесена на граѓаните на Република Македонија поради нарушувањето на правото и слободата на движењето на граѓаните на Република Македонија преку неговото криминално, свесно и скандалозно прикривање на одлуката на 25 земји членки на Европската Унија во својство на министер за надворешни работи на Република Македонија.

-Бујар Османи докажа дека себе се смета за личност која е над Уставот на Република Македонија и секојдневна практика му стана прекршување на Уставот, правата и слободите на Граѓаните на Република Македонија за кои што мора да сноси одговорност веднаш!

Бујар Османи не заслужува да биде државен портир а не пак висок државен функционер, Македонски Концепт повикува на негово итно повлекување од Претседателската трка и забрана за држење јавна функција бидејќи се докажа за анти-државен елемент кој работи спротивно на интересите на своите сограѓани, велат од партијата на Петар Богојески.

Слични содржини