Македонски Концепт: Воведувањето „лидерски дијалог” е обид за воспоставување на параинституции

од Vladimir Zorba
498 прегледи

Партијата Македонски Концепт смета дека воведувањето на таканаречен „лидерски дијалог” е опасен преседан и претставува обид за воспоставување на параинституции, кои функционираат надвор од утврдениот државен систем и поредок.

„Дијалогот на партиите и политичките дискусии треба да бидат во рамки на Собранието и парламентарните механизми, а истото се однесува и на
партиите кои немаат свои претставници во законодавниот дом. Согласно позитивните законски прописи, во исклучителни ситуации, евентуално
делумна улога на медијатор може да има Претседателот на државата.

Параинституциите како што е „лидерскиот дијалог“, кој е во тек, се незаконски, нетранспарентни и можат единствено да служат за уцени,
ценкања и договарања на штета на народот. Ги повикуваме граѓаните да увидат дека сето ова се случува зад затворени врати, а договореното како и секогаш ќе заврши по нашиот грб“, порачаа од партијата на Богојески.

Слични содржини