Македонски шуми: Ќе бидат испочитувани сите договори за набавка на огревно дрво

од desk3
79 прегледи

ЈП „Македонски шуми“ денеска одржа колегиум во проширен состав со директорите, управителите и претставници од Владата на Република Македонија, со цел изнаоѓање решение за снабдување на огревно дрво на населението.

огревни_дрва

– Склучени се договори за 385.216 м3 огревно дрво, од кои испорачани се 327.020 м3 огревно дрво, се вели во соопштението од ЈП „Македонски шуми“.

На состанокот било договорено до 1-ви ноември да се испорачаат уште 26.492 м3 огревно дрво, а остатокот до 15-ти ноември годинава.

До крајот на годината, како што е наведено во соопштенито, 10.000 м3 огревно дрво треба да се испорачаат на правните лица согласно договорите.

– На овој начин обврските кои што ги имаме ќе бидат завршени целосно, а сите следни количини ќе бидат пуштени во продажба, се вели во соопштението. /МИА