Македонскиот амбасадор во Софија повикан во бугарското МНР поради негативната кампања за претставникот на Евровизија

од Берта Китинска
181 прегледи

Заменик-шефот на амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, Владимир Крастевски денеска бил повика на разговор во Министерството за надворешни работи во Софија. На состанокот присуствувала и в.д. директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Ива Крулева, информираат од бугарското Министерство за надворешни работи.

Крастевски бил повикан по наредба на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, а причината се „честите манифестации на говор на омраза и дискриминација во Република Северна Македонија од страна на службени лица против граѓани на земјата, оние што имаат бугарски идентитет, па дури и против оние што имаат симпатии кон Бугарија и нејзиниот народ“.

– Бугарските дипломати изразија длабока збунетост и разочарување од големата негативна кампања во Република Северна Македонија против претставникот на Скопје на Евровизија 2021 година, Васил Гарванлиев. Бугарија ќе продолжи да ги вложува сите неопходни напори во согласност со принципите на меѓународното право за да ги заштити правата на бугарските граѓани и граѓаните кои прогласуваат бугарски идентитет, каде било во светот, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Слични содржини