Македонскиот амбасадор во Украина: Нема наши граѓани во Донбас

од Nikola Popovski
365 прегледи

Македонскиот амбасадор во Украина, Крум Ефремов информираше дека состојбата во Киев е мирна, меѓутоа се чувствува нервоза.

-Луѓето се исплашени од вчера. Генерално во сите други градови атмосферата е мирна. Како Амбасада ги повикавме нашите граѓани да ја напуштат Украина додека се уште има комерцијални летови. Околу 100 граѓани беа контактирани, а од тие што не информираа, 13 лица веќе се вратија назад во Македонија, рече Ефремов во изјава за ТВ Сител.

Според него, нашите државјани има во 12 градови во Украина, но во Донбас засега нема информации дека живеат и работат Македонци.

-С. Македонија и Украина се добри пријателски земји, имаме добра политичка и економска соработка и апелираме и гледаме да се најде деескалација на проблемот, вели Ефремов.

Слични содржини