Македонскиот Центар за обука на пилоти станува официјален НАТО центар

од Nikola Popovski
152 прегледи

Македонскиот Центар за обука на пилоти станува официјален НАТО центар за обука на воени пилоти. Ова денеска го обелодени министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

-Нашиот Центар за обука на пилоти станува официјален НАТО центар за обука на воени пилоти и овозможува обука за пилоти според највисоките НАТО стандарди.

Огромен чекор напред, признание и препознавање на капацитетите на Република Северна Македонија, објави Петровска.

Со приклучувањето на овој (Сквадронот за обука и тренинг) Центар во НАТО структурата за летачка обука во Европа се потврди и фактот дека тој функционира согласно највисоките стандарди на Алијансата во доменот на обуката на пилоти на хеликоптери, појаснуваат од Министерството за одбрана (МО).

Истовремено со Центарот за обука на пилоти во Северна Македонија, дел од оваа НАТО структура станаа и два тренинг кампуса во Грција и во Унгарија.

-Северна Македонија беше една од десетте сојузнички земји, која заедно со Белгија, Чешка, Грција, Унгарија, Италија, Црна Гора, Романија, Шпанија и Туркије ја лансираа иницијативата за создавање на НАТО структура за летачка обука во Европа, со што се потврди и посветеноста на нашата земја за придонес кон зацврстување на колективната одбрана и безбедност.

Целта на НАТО структура за летачка обука во Европа е изградба на комплетна пилотска тренинг – архитектура во Европа која ќе даде можност за сеопфатна обука на пилоти на борбени авиони, хеликоптери и дронови за потребите на Алијансата, соопштија од МО.

Слични содржини