Македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев примен во Интернационалната „Куќа на славните“

од Milan1
480 прегледи

Maкедонскиот маратонец, Евгениј Поп Ацев е примен во Интернационалната „Куќа на славните“ во маратонско пливање што секако е огромно признание. Поп Ацев е примен како почесен пливач во класата 2024 година, а секако задоволството кај него од ваквото признание беше огромено.

„Голема чест и привилегија е да се биде во „Куќата на славните“ на маратонско пливање, меѓу најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го она што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија, придонесов и оставив белег во светот на маратонското пливање. Многу сум благодарен за номинацијата, за изборот и за големото признание од една ваква голема светска организација, како и на сите кои беа дел од мојата пливачка кариера и ме поддржуваа во минатите 20 години“, изјави Поп Ацев.

Низ кариерата Поп Ацев има големи успеси и победи на многу маратони, а успеа да стане и трикратен светски шампион во 2015, 2017 и 2019 година.

Слични содржини