Легендите на НБА, Коби Брајант, Тим Данкан, Кевин Гарнет и Крис Бош се меѓу номинираните за влез во кошаркарската Сала на славните во 2020 година.

Четворицата, кои имаат вкупно 13 титули, 4 МВП награди на сезоната, 5 МВП награди на финалето, 59 настапи во Натпреварот на ѕвездите и 40 пати беа избрани во Тимот на сезоната, се најуспешните играчи меѓу 50-те кои добија номинации.

Финалистите ќе бидат објавени за време на „Ол Стар“ викендот во февруари, а одобрени за време на финалето на НЦАА во април. Официјалната церемонија на прием е на почетокот на септември.

Други поранешни играчи како Шон Мерион, Мајкл Финли, Марк Итан и Бак Вилијамс исто така се номинирани. За Чонси Билипс, Марк Џексон, Тим Хардвеј, Ричард Хамилтон, Крис Вебер, Бен Валас и Маркус Кемби, ова е уште една номинација.

Тони Кукоч, кој блескаше за Чикаго во 90-тите години во ерата на Мајкл Џордан, го предводи списокот со номинираните странци.

Слични содржини