Според индексот на пасоши „Артон Капитал“, кој ги зема предвид пасошите на 193 земји членки на Обединетите нации и шест територии- С. Македонија е на 33. место и со македонскиот пасош може да се патува во 124 земји без визи.
Јапонија, Сингапур и Јужна Кореја се трите земји со најмоќни пасоши, бидејќи нивните граѓани можат да патуваат во сите земји во светот без виза. Косово е на 82. место, а Србија на 25. место, бидејќи нејзините граѓани можат да посетат 134 земји без визи, а Босна и Херцеговина е на 41. место (во 116 земји без виза).
Земјите со најмоќни пасоши во Европа се Германија и Шпанија (190 земји без виза), а потоа следат Финска, Италија и Луксембург со 189.
Нов Зеланд и САД се на седмото место, веднаш до Белгија, Норвешка и Швајцарија. Граѓаните на Авганистан повторно се на дното на листата со најслаби пасоши, бидејќи можат да влезат во само 27 земји по поднесување на барање за виза.