Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека деловните банки во нашата земја не прифаќаат ефективни парични средства во валута норвешка круна (NOK) и шведскa крунa ( SEK).
Причината за тоа се прекинатите врски за размена на ефективните парични средства во овие две валути од страна на деловните банките во Норвешка и Шведска поради зголемена претпазливост во врска со нивната регулатива за спречување перење пари, за што има официјални известувања од централните банки на овие две земји.
-Одлуката за прекин на тргувањето со готовина во норвешки круни (NOK) и шведски круни ( SEK) од страна на домашните деловни банки не влијае на безготовинскиот промет односно клиентите и понатаму можат на девизниот пазар да купуваат и продаваат SEK и NOK, согласно своите потреби, на истиот начин како што од неодамна се одвива и тргувањето со дански круни (DKK), информираат од МБА.