Во периодот јануари – јуни 2025 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 33 милиони денари, објави Државниот завод за сетатистика.
Во периодот јануари – јуни 2025 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 61 785 илјади денари, што е за 70.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 33 714 илјади денари, што е за 68.2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.