Македонските фудбалери на концерт на Симон Трпчески во Букурешт

од Берта Китинска
209 прегледи

Маестро Симон Трпчески, вечерва ќе одржи концерт во Букурешт на кој специјални гости ќе бидат македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб.

Концертот е во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, која е во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт.