Македонските граѓани денеска на голем антивладин протест во Скопје

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Македонија е земја во која демократијата е мртва, а граѓаните се жртви на насилниот режим на Груевски. Целата држава е заложник на деструктивната политика на неколку луѓе која ја носи нашата земја во пропаст, ги злоупотребува нашите пари и ни ги брка децата во странство.

11165302_1651912561708860_3504031759298891247_n

Ова е точка од која нема враќање.
Чукна крајниот час за промена, за слобода.
Ова е време за натпартиска, граѓанска битка!

Затоа, во име на Уставот на Република Македонија, ве повикуваме на масовен и ненасилен протест чија цел е пораз на оваа власт која ден по ден ни ја одзема иднината.

На 17ти излегуваме на улица и не се предаваме сè до конечен пад на Груевски. Бараме оставки, бараме мир и слобода.

Дојдете обединети да ја вратиме државата во рацете на граѓаните и заедно да одлучуваме за нашата иднина!

„Недела, 17ти мај, 14 часот, доаѓаме!“,  се вели во повикот на граѓанската коалиција за Македонија  која очекува денеска да дојдат граѓани од цела држава, од сите краишта  и ќе останат таму сè додека Никола Груевски и неговите министри не си поднесат оставка.

Studentski-protesti-vlada-7-Custom1-735x400

Илјадници луѓе се очекува да излезат денеска на улиците во Скопје, за да побараат оставка на владата на премиерот Никола Груевски, обвинет за корупција, незаконски прислушувања и други злоупотреби по девет години на чело на државата, јајвуваат повеќе светски агенции  пред овој значаен настан за иднинта на државата. Многу европратеници, дипломати , амбасадори ќе застанат во првите редови на протестот за демократизација на државата.

Министрите за внатрешни работи и за транспорт, како и шефот на разузнавањето веќе поднесоа оставки. Митингот е свикан во 14.00 ч. по локално време од опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ). Лидерот на СДСМ Зоран Заев повика на “натпартиски  и мирен протест”.