Македонските граѓани продолжуваат да се вакцинираат во Србија

од Nikola Popovski
331 прегледи

Во петокот во Врање се дадени 458 вакцини, објавил тамошниот Здравствен дом, а на располагање биле Синофарм, Фајзер, Спутник V и АстраЗенека.

Според информациите, 76 граѓани на Македонија биле вакцинирани со првата доза, а 311 со втората доза.

-Вакцинацијата на населението од Србија и граѓаните на С. Македонија, како и на голем број граѓани од Босна и Херцеговина, се вршат секојдневно на главниот пункт за вакцинација, објавуваат српски медиуми.

Најголем број Македонци има меѓу вакцинираните во петокот на главниот пункт за вакцинација во Спортската сала во Врање.

Слични содржини