Македонските граѓани во Врање примиле 26.766 дози вакцина

од Nikola Popovski
244 прегледи

Вкупно 117.296 граѓани на Врање, Северна Македонија и на Федерацијата БиХ се имунизирани на централниот пункт за вакцинација, прво во Спортската сала, а неодамна и во галеријата на Народниот музеј, покажуваат податоците доставени до српските медиуми од Здравствениот дом во Врање.

Граѓаните на Србија, претежно од седум општини од областа Пчиња, биле имунизирани со 90.500 дози.

-Соседите од Северна Македонија во Врање примиле 26.766 дози вакцина против корона, а 29 граѓани од Федерацијата БиХ.

Најголем дел од граѓаните примиле кинеска вакцина Синофарм 72.441, потоа Фајзер 35.644, Спутник V 8.280 и АстраЗенека 932.

Просечниот дневен број на вакцинирани граѓани во последните седум дена е од шеесет до 100. Во Врање со вакцините на Торлак досега против сезонски грип се вакцинирани вкупно 2.129 граѓани, а вчера тројца, објави српски „Данас“.

Слични содржини