Македонските и бугарските историчари ќе разговараат за средновековниот период во нашите учебници по историја

од Nikola Popovski
259 прегледи

Копретседавачот на македонската страна во Мешовитата историска комисија, Драги Ѓоргиев информира дека ќе се состанат со нивните бугарски колеги в четврток и петок, а на дневен ред се забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение.

Според Ѓоргиев, прашањето за Гоце Делчев ќе се отвори на претстојната средба доколу остане време, изјавил историчарот за МИА.

Бугарскиот премиер Кирил Петков пред два дена рече дека Историската комисија го известила дека е постигнат напредок за важни историски личности во разговорите со Скопје за надминување на разликите.

– Комисијата за историја ме извести за некои важни историски личности и нивниот третман. Ќе ви дадам некои детали. Дојдовме до напредок по тие прашања, на многу конструктивен и реалистичен начин којшто ни отвора можност за забрзување на нашите преговори. Секако ќе ми треба прво да добијам јас и моите коалициони партнери целосен извештај од Комисијата, но штом добиеме извештај тоа ќе оди многу брзо, информира Петков на прес-конференција.

Слични содржини